Пелистер со нов договор за тренерот Штерјовски, Коруновски останува спортски директор

Новиот прволигаш Пелистер официјално информираше дека за следната сезона тимот и натаму ќе го води актуелниот стратег Зоран Штерјовски.

Пелистер го продолжи договорот со шефот на стручниот штаб и за прволигашката сезона која следи, а на позицијата спортски директор и натаму останува Пеце Коруновски.

Како што најавува претседателот Пеце Стојчевски клубот наредниот период ќе има и квалитетни засилувања на играчкиот кадар како подготвено би се дочекало враќањето во елитата.

Се вчитува...