Пелистер со нов тренер против „романтиката“, Силекс и Ренова во клинч за Европа

Шкендија е на прагот на освојување на шампионската титула во ова коло, но тоа е најизвесниот дел од Првата фудбалска лига во овој момент. Многу повеќе неизвесност нуди борбата за опстанок, како и трката за обезбедување на позиции кои носат излез на европската сцена и следната сезона. Оттаму, интересни ќе бидат и дуелите меѓу Работнички и Пелистер (15 часот), кој ќе биде пренесуван и во директен ТВ пренос на Телевизија 24, како и Силекс – Ренова.

„Не заслуживме пораз од Ренова, но една грешка може да биде кобна и тоа го научивме на овој дуел. Веќе сме фокусирани на новото искушение, в недела ни гостува Пелистер. Тоа е квалитетен тим, кој ќе игра повторно во финалето на Купот, а се бори за опстанок во Првата лига, и сигурно дека нема лесно да се откаже од бодовите. Но, и нашата амбиција е јасна, да се обидеме да избориме пласман во Европа и за следната сезона. Се надевам дека ќе ги исполниме задачите на тренерот Ѓоре Јовановски, а тоа ќе не води до победа“, вели Кире Маркоски, за амбициите на Работнички.

Пелистер на арената „Филип Втори“ ќе пристигне со Неџат Хусеин како нов кормилар. Марјан Секуловски ја напушти клупата, но тоа не значи дека „зелените“ се откажуваат од намерата да обезбедат опстанок во елитата.

Скопје и овојпат ќе биде домаќин во Кичево. Ќе го пречека составот на Академија Пандев. Победа во Струмица ќе биде домаќин на Вардар.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 29.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (15 Ч.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (16 Ч.)

СИЛЕКС – РЕНОВА

ПОБЕДА – ВАРДАР

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 

 

Се вчитува...