Пелистер со пресврт до триумф, Прилеп „украде“ бод во Струга

Ракометарите на Пелистер врзаа две победи во низа откако по голема битка вечерва славеа на гостувањето во Скопје против Вардар јуниор со резултат 30-34. Без оглед на конечниот исход мора да се истакне дека битолчани во поголем дел од мечот бркаа резултат, на одмор се замина со водство на Вардар јуниор од 19-16, на половина од вториот дел домаќините имаа 25-22, но Пелистер се разбуди во вистински момент, го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата.

Табангует со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, седум постигна Поповиќ, а шест Маџовски.

Многу интересно беше и на дуелот меѓу Струга и Прилеп, на кој гостите изненадија со добра игра во одбраната и освоија еден бод, ремизирајќи 23-23. Стружани делуваа сигурни на патот до победата, но со падот во концентрација во самиот финиш му овозможија на гостинот да се врати и да ги изненади. Бозароски со девет гола, два од нив во последната минута, беше херој на гостинскиот тим.

Се вчитува...