Кошаркарите на Пелистер не дозволија изненадувајќи победувајќи го Еуро Никел со 79-70, во четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Битолчани пласманот во полуфиналето го решија во последната четвртина по претходно три максимално израмнети периоди од играта.
Последната четвртина Пелистер ја доби со 18-8 што беше пресудно со пресврт да дојде до победата и место меѓу четирите најдобри.
Еуро Никел по третата четвртина имаше предност од 61-62, но Пелистер со одлична дефанзива и прецизна игра во нападот на крајот, во последните четири минути, дојде до победата. Пресудно, се чини, беше исклучувањето на Лука Стојановски кај Еуро Никел во последниот период, па кавадарчани останаа со клучниот играч помалку во ротацијата и тоа го искористија „пелистерци“.
Најефикасен во победничкиот табор беше Карпентер со 22 поени, Караџовски запиша 20 поени, а Маслинко мечот го заврши со 16 постигнати поени. Во поразениот табор Стојановски заврши со 17 поени, Соколов постигна 16 поени, а Младеновиќ 12 поени.
Пелистер утре во полуфиналето ќе се соочи со екипата на Феникс. МЗТ Скопје, пак, во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Работнички и ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА