Пелистер со уште три нови имиња за новата сезона: Французинот Глоир во нападот на „зелените“

На еден ден пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер ги освежи играчите редови со уште три нови имиња.

Под „Тумбе кафе“ пристигна Французинот Антонио Глоир од редовите на бугарскиот второлигаш Бургас, а претходни има настапувано и за Пирин.

Нов фудбалер на Пелистер е и досегашниот вардарови дефанзивец Виктор Крстевски, а ново име е и 23-годишниот левокрилен офанзивец Албан Сулејмани, кој кариерата ја започна во Македонија ЃП, од каде преку Ренова стигна и до полска Легија.

Се вчитува...