Пелистер успешно тестираше во паузата

Македонскиот прволигаш Пелистер одигра пријателски натпревар пополнувајќи ја празнината што се појави во првенството поради репрезентативните настапи. Тимот на Зоран Штерјовски со 2-1 го совлада ФК Диволи.

Стрелци на головите за Пелистер беа Нето и Пејаковиќ.

Пелистер следниот викенд го очекува гостување кај Ренова во деветтото коло од Првата фудбалска лига.

Се вчитува...