„Пелистер воопшто не е подобар тим од Загреб, но мораме да го почитуваме“

Загреб се наоѓа во огромна резултатска криза, по првите девет рунди во ЛШ нема освоено ниту еден единствен бод, а неодамна дојде и до нова смена на кормилото на хрватскиот првак.

Најискусниот ракометар во овој тим, Јаков Гојун, не го крие разочарувањето од слабите резултати, но и верува дека Загреб може да дојде до прва победа веќе во следното коло го пречекува македонскиот првак Е. Пелистер.

„Искрено сметам дека Пелистер воопшто не е подобар тим од Загреб, но сепак тие имаат четири бода и мораме да го респектираме тој податок. Имаме толку многу малери со повреди од стартот на сезонава, верувам дека е дојдено времето и спортската среќа да се сврти на аша страа. Ако ги повториме изданијата од неколкуте последни гостувања, сигурен сум дека на крајот ќе се радуваме. Оваа екипа заслужи барем малку радост пред празниците и верувам дека ќе се радуваме на дуелот во среда“, изјави специјалистот за одбрана во таборот на Загреб.

Се вчитува...