„Пелистерци“ без милост кон Вардар

Еурофарм Пелистер рутински ја оправда фаворитската улога на натпреварот против Вардар Неготино од 1/16 финалето во Купот на Македонија, откако битолчани лесно и убедливо славеа со 45-11.

Бабиќ имаше можност да го изротира тимот, но разликата во квалитет беше очигледна од самиот почеток, па Пелистер го доби првото полувреме со неверојатни 20 гола разлика (26-6), за на крајот да слави со преубедливи „плус 34“. Костески беше најефикасен на натпреварот со девет погодоци, седум постигна Граџан, а шест Марковски.

Охрид лесно триумфираше на дуелот со Делчево со 12-45, а пласман во следната рунда од Купот на Македонија, додека Радовиш славеше на дуелот со вториот тим на Металург со 25-30.

Се вчитува...