Екипата на Еурофарм Пелистер комплетна ќе настапи на премиерниот меч од Лигата на Европа, на гостински терен против ГОГ Гудме, откако последните тестови врз членовите на битолскиот клуб покажаа дека сите се негативни на Covid-19.
„По вчерашниот тест на ковид-19, сите ракометари, членови на стручниот, административен и медицински тим на Еурофарм Пелистер е негативен на коронавирус. В понеделник делегацијата на македонскиот претставник во Лига Европа ќе отпатува за Данска, каде во вторник од 18:45 часот ќе се сретне со ГОГ Гудме во рамките од второто коло на групата Д“, се вели во соопштението на битолските „фармацевти“.
Овој натпревар ќе биде прв официјален дуел за Еурофарм Пелистер оваа сезона, откако дуелот од првото европско коло против Татабања беше одложен поради голем број заразени ракометари на коронавирус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА