„Пелистерци“ подобри од Алкалоид во Купот на Македонија

Еурофарм Пелистер славеше над Алкалоид со резултат 26-32 во полуфиналето од групната фаза во Купот на Македонија, меч на кој битолчани ја оправдаа фаворитската улога и покрај солидниот отпор што им го пружи скопскиот прволигаш.

Избраниците на тренерот Бабиќ уште на самиот почеток наметнаа силно темпо, успевајќи да поведат со 3-8 по само десетина минути игра. Искусниот состав на битолчани потоа знаеше како да ја одржи удобната предност, на полувреме заминувајќи со водство од 13-16. Пелистер потоа замина на „плус пет“ во раната фаза од второто полувреме, за на крајот да триумфира со конечни шест гола разлика.

Костески со пет гола беше прв стрелец на победничкиот тим, додека по четири погодоци постигнаа Мандалиниќ, Танкоски и Божиќ – Павлетиќ. Најефикасни во таборот на Алкалоид беа Ѓоргиев со шест и Стојков и Илиески со по четири погодоци.

Се вчитува...