Пенал-финиш на „Камп Ноу“, Челси намали на „Алијанц арена“

Гол шоу на двата натпревари во Лигата на шампионите оваа вечер. Барселона води со 3-1 против Наполи на „Камп Ноу“, а во завршницата од првиот дел беа досудени два пенали. По водството на Барса од 2-0, Меси изнуди пенал, а го реализираше Луис Суарез. На спротивната страна, Мертенс беше фаулиран во шеснаесетникот, а Лоренцо Инсиње погоди од белата точка за 3-1.

На „Алијанц арена“, Челси намали на 2-1. По брзите два гола на Левандовски и на Перишиќ, Тами Абрахам во 44.минута постигна гол за англискиот претставник.

Се вчитува...