„Пенал-рулет“ со „хепи-енд“ за Реал Сосиедад за титула во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Сосиедад се освојувачи на Копа дел Реј за 2026 година откако вечерва во финалето успеаја по изведување на пенали да слават над Атлетико Мадрид со 4-2 откако по 120 минути беше нерешено 2-2.

Тимот од Баскија стигна до водство од 0-1 уште во 12. секунда од натпреварот со погодокот на Баренечеа. Атлетико Мадрид израмни на 1-1 преку Адемола Лукман во 18. минута. До крајот на првиот дел Сосиедад повторно поведе (1-2) откако Ојарзабал стрелаше во судиското продолжение од пенал. Во второто полувреме избраниците на Чоло Симеоне успеаја повторно да израмнат (2-2) преку Хулијан Алварез во 83. минута.

Натпреварот замина во продолженија. Таму и двата тима имаа свои шанси, но мрежите меруваа, а новиот шампион во Купот на кралот беше одлучено да го решат пенали. Во пенал серијата феноменален беше голманот на Сосиедад, Мареро кој им одбрани пенали на Серлот и на Алварез што беше доволно за победа на неговиот тим од 4-2 и освојување на третиот трофеј во ова натпреварување.

 

Atletico Madrid vs Real Sociedad – Penaltt Shootout (Copa del Rey Final)
byu/Gato_Puro insoccer

Се вчитува...