ВИДЕО: Пенал-рулетот во финалето со хепиенд за Алкалоид

Алкалоид е освојувач на Купот на Македонија откако во супердраматично финале славеше над Е. Пелистер , и тоа по пенал-рулет. Тимот на Кире Лазаров маестрално го одигра овој фајналфор турнир, па по триумфот над Вардар во полуфиналето денеска го зеде скалпот и на битолчани, кои се надеваа дека по 19 години ќе стигнат до куп-трофеј, но овој пост дефинитивно ќе продолжи уште најмалку една година.

Феноменално финале полно со пресврти кое на крајот замина во последниот чин, пеналите, во кои посреќни беа ракометарите на Алкалоид, кои предводени од голманот Галевски кој само еднаш беше совлада од четири изведени пенали на крајот се радуваа на првиот трофеј во малата историја која ја има клубот од Автокоманда.

Се вчитува...