Пеналите ќе го донесат новиот шампион на Европа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен и Арсенал играат неверојатно финале во Будимпешта во Лигата на шампионите. По 120 минути игра се уште е 1-1, па новиот шампион Европа ќе го добие по изведувањето на пенали.

Шокантен старт ни донесе финалниот натпревар откако Арсенал по само шест минути игра на „Ференц Пушкаш“ поведе со 1-0 откако прецизно стрелаше мајсторот за финални натпревари Каи Хаверц. Маркињос не успеа на најдобар можен начин да ја исфрли топката, таа се одби од Тросард, а Хаверц бравурозно на првата статива го матираше голманот на „светците“ Матвеј Сафонов.

PSG 0 – [1] Arsenal – Kai Havertz 6'
byu/ayoefico insoccer

До крајот на првиот дел актуелниот европски шампион имаше само една полушанса преку Фабијан Руиз во 43. минута кога со глава биеше над голот на Раја.

Во второто полувреме Арсенал одолеваше се до 62. минута кога голема глупост направи десниот бек на „топчиите“ Москера кој направи чист како солза пенал над грузискиот интернационалец, Квича Квараскелија. Пеналот сигурно го реализираше Усман Дембеле во 65. минута за 1-1.

Одличниот Грузиец повторно во прв план беше во 71. минута кога по еден соло продор ја погоди стативата на Раја. Светците имаа нова голема шанса во 89. минута, откако Витиња само центиметри го делеа од гол што ќе значеше и одбрана на титулата.

PSG [1] – 1 Arsenal – Ousmane Dembélé 65' (Penalty)
byu/ayoefico insoccer

Во продолженијата Мадуеке по еден дуел со Нуно Мендеш падна во шеснаесетникот на „светците“. Сите од Арсенал бараа пенал, но главниот судија на мечот, Германецот, Сиберт не ни помислуваше да досуди на белата точка.

Arsenal penalty shout against PSG 102'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...