Пеналите ќе го одлучат освојувачот на пехарот во Купот

Немаше промени на резултатот и после продолженијата на финалниот меч на Купот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Дуелот заврши 1:1 и после 120 минути. Мишевски во 29. минута од пенал донесе предност за „лавовите“, додека на 11. минути до крајот автогол на Стоилов за израмнување.

Во продолженијата неколку опасни ситуации по нафрлувања пред двата гола, но без сериозна закана, па така пеналите ќе го одлучат победникот.

Инаку во пресметката лани по пеналите ѓорчепетровци беа подобри од Струга. Тие имаат поголемо искуство на изведувањата на ударите од белата точка, затоа што на тој начин стигнаа до овој натпревар по победа над Шкендија.

Се вчитува...