Пенезиќ: На реваншот со Митјиланд треба да бидеме уште подобри

Женскиот тим на Вардар успеа да оствари триумф (23-24) на гости против Митјиланд и со една нога е на Ф4 турнирот во Будимпешта. Но, хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ смета дека „црвено-црните“ девојки можат уште подобро на реваншот во Скопје.

„Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот“, изјави Андреа Пенезиќ.

Се вчитува...