Пенезиќ: Ростов е одличен тим, нема да ни биде лесно

Андреа Пенезиќ беше присутна на ждрепката во Будимпешта како претставничка на ЖРК Вардар, а хрватската интернационалка по добиениот противник не делуваше пресреќно што силите ќе ги одмери токму со руски Ростов.

„Јасно е, на фајналфор турнирите нема лесни противници, мора да се одигра најдобро што се знае за да се стигне до победата. Ростов е одличен тим, во тоа нема никаков сомнеж и знаеме дека нема да ни биде лесно. Проблем е што сезонава не сме играле со нив, така што не знаеме конкретно кои се нивните добри и лоши страни, како да се адаптираме на нив. Како и да е, очекувам неизвесен меч“ – изјави Пенезиќ.

Мечот меѓу Вардар и Ростов ќе се игра на 12 мај, а победникот од овој дуел во финалето на 13 мај ќе игра за европската круна со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу последните два европски шампиони, Ѓер и ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...