„Пеп најдобар? Ајде нека направи топ-тим без три милијади евра“

Поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети го пронајде проблемот Пеп Гвардиола во решавачкиот натпревар од Лигата на шампионите. Сити беше елиминиран од Реал Мадрид во полуфиналето со вкупни 5-6.

Според Пети, Пеп е многу опседнат со принципи, што не им дава слобода на играчите.

„Во европските натпревари гледаме дека играчките принципи на Гвардиола имаат ограничувања. Проблемот не е добрата игра или имање пари, туку психолошки. Погледнете секој пат кога испаѓаат од Лигата на шампионите. Гвардиола не може да најде лек. Толку е опседнат со своите принципи што заборава на слободата на играчите на теренот. Тој сака луѓето да кажат дека е одличен. И тој е одличен тренер, но треба да им даде слобода на играчите, а Гвардиола не може да го направи тоа. Слушам како луѓе велат дека бил најдобар тренер, ајде нека состави екипа што ќе освојува трофеи без три милијарди евра, тогаш ќе му признаам дека е најдобар“, рече поранешниот играч на Арсенал, Барселона и Франција.

Се вчитува...