Пеп Гвардиола „намерачи“ играч од 120 милиони евра

Манчестер Сити сеуште го бара идеалното решение за левата бековска позиција. Голема желба на Пеп Гвардиола беше Марк Кукуреља, но Шпанецот по кратка трансфер сага наместо на „Етихад“ заврши на „Стемфорд Бриџ“. Сега шпанскиот стратег погледот го сврте кон Ренан Лоди.

Бразилскиот дефанзивец претходната сезона настапи на вкупно 42 меча за „јорганџиите“ со што се наметна како еден од клучните играчи во четата на Диего Симеоне. Неговиот договор е со важност до 2025 година па за негов ангажман Манчестер Сити ќе мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.

Покрај Лоди на краткиот список на Гвардиола се наоѓаат Гуереиро, Соса, Тирни и Аит-Нури, но Гвардиола го „намерачил“ Лоди поради неговите поголемите способности. Бразилецот претходната сезона постигна четири гола и пет асистенции, а покрај бековската позиција добро се снаоѓа и на средината на теренот.

Се вчитува...