По лошата сезона во која по подолго време не беше освоен ниту еден трофеј Манчестер Сити направи мала реконструкција на составот. Пеп Гвардиола ги доби посакуваните засилувања па направи и листа на оние кои веќе не се потребни.
Според англиските медиуми во составот на „граѓаните“ во новата сезона нема да има место за Џек Грилиш, Калвин Филипс, Џејмс Мекати и Стефан Ортега.
Грилиш кој своевремено беше бомбастично засилување за Манчестер Сити го загуби местото во тимот. Минатата сезона ја помина на клупата за резерви, а потоа не беше ниту на списокот на пријавени фудбалери за натпреварите.
Калвин Филипс не успеа да се снајде на „Етихад“ по трансферот од Лидс, на Мекати се гледаше како перспективен млад фудбалер за долги стази, но во меѓувреме не ги исполни очекувањата на шпанскиот статег, додека Ортега е прекуброен по последната аквизиција на Трафорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

