Пеп: Среќно Лапорта, да живее Барса!

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, е еден од првите што упати честитка на Жоан Лапорта, кој синоќа беше избран за нов претседател на каталонскиот клуб, Барселона.

За време на својата професионална фудбалска кариера, Гвардиола одигра 263 натпревари за Барселона.Беше дел од освојувањето на првата европска титула во 1992 година. Тој доби шанса како тренер за време на првиот мандат на Жоан, во 2008 година.

„Среќно, Жоан. Среќно, претседателе! Да живее Барса!“, Напиша Гвардиола на својот профил.

За потсетување, Гвардиола во четиригодишниот мандат со Барселона освои две титули во Лигата на шампионите, а според многумина тоа беше периодот на најголемата доминација на Барса. Дури и сега, Пеп не крие дека е голем фан на тимот од Каталонија.

Се вчитува...