Пепе ги смени плановите, не му се оди во Кина

Пепе ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, но доколку до неодамна важеше за сигурно дека Португалецот кариерата ќе ја продолжи во Кина, последните информации говорат дека искусниот дефанзивец ќе остане дел од европскиот фудбал.

До промена во ситуацијата дошло откако Пепе добил интересни понуди од врвни европски клубови, со кои Португалецот повторно би имал шанса да атакува на трофеи. Понудата за двогодишен договор од Галатасарај била експресно одбиена откако ПСЖ и Манчестер сити искажале сериозен интерес за да го доведат екс-фудбалерот на Порто во своите редови.

И двата тима се подготвени да му дадат на Пепе двогодишни договори за плата од четиро милиони евра по сезона, сума што е пониска од онаа во кинеските понуди, но во секој случај доволно атрактивна за да го натера Португалецот да остане во Европа.

Пеп Гвардиола не е задоволен од функционирањето на одбраната на Манчестер сити, па верува дека со Пепе може да ја добие неопходната цврстина. Што се однесува до ПСЖ, „светците“ не гледаат на Португалецот како на опција за стартер, туку за квалитетен резервен играч, па понудата од три милиони евра за „дремење на клупата“ на поголемиот дел од натпреварите се чини примамлива за ветеранот .

Се вчитува...