Досегашниот играч на Академија Пандев, Пепи Ѓоргиев потпиша за екипата на Шкупи. Шампионот со тоа добива уште една опција на крилните позиции, по заминувањето на Марјан Радески и на Омар Имери.
Ѓоргиев во минатото покрај Академија Пандев, беше дел и од Силекс и од Беласица, а од меѓународните клубови има играно за албанска Теута. Потпиша на една година.
Шкупи претходно ги ангажираше Ангелче Тимовски, Кристијан Ацковски, Алекс Златков, Марио Ричков, Антонио Каланоски и Благоја Спиркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА