Пер Јохансон се враќа на клупата на ЧСМ Букурешт

Швеѓенецот Пер Јохансон, кој е и актуелен селектор на Црна Гора, ќе биде новиот тренер на ЧСМ Букурешт. Јохансон го предводеше романскиот шампион и минатата година на крајот од сезоната, а сега во приближно истиот период, повторно го презема кормилото. Шведскиот тренер доаѓа на местото на Хеле Томсен која беше сменета од функцијата.

„ЧСМ Букурешт е еден од најдобрите клубови во светот и има шанса повторно да ја освои Лигата на шампионите. Се освен титула во ЛШ ќе биде неуспех и тоа не го крие никој во Романија. Ја прифатив понудата од ЧСМ затоа што добивам шанса повторно да го водам клубот во најважната фаза во ЛШ. Кога ми беше понудено со целото семејство да се преселам воп Романија, знаев дека е понуда на која не можам да кажам – не“ – изјави 48-годишниот Пер Јохансон.

Шведскиот тренер го предводеше тимот на ЧСМ Букурешт во периодот април-мај 2017 година. Под негово водство, романскиот шампион загуби само еден од девет натпревари, и тоа од Вардар (33-38) во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Прв предизвик за Јохансон по враќањето на клупата на ЧСМ Букурешт ќе биде дуелот со Мец во четвртфиналето на ЛШ.

Се вчитува...