Перез: Дел Боске е глупак и најголем измамник!

Мадрид и понатаму е во шок, откако продолжува објавувањето на снимените разговори на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во кои тој ги навредува сите поранешни соработници.

Шпански „Ел Конфиденсијал“ и понатаму ги споделува разговорите на Перез, овој медиум ги пренесе навредите од Флорентино кон Икер Касилјас, Раул, Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо, а сега на ред дојде и Висенте Дел Боске.

„Дел Боске не знае како да ги тренира фудбалерите и не знае ништо за тактика. Тој е глупак. Никој не му нуди работа зашто сите знаат дека не е тренер. Тој е најголем измамник“, кажал Перез.

Перез вчера се јави преку соопштение за целиот случај и порача дека ќе го тужи „Ел Конфиденсијал“ поради објавените снимки.

Се вчитува...