Перез го „прозва“ Нејмар: Ако сакаш „Златна топка“ дојди во Реал!

Во истата ноќ кога Кристијано Роналдо си ја доби својата петта „Златна топка“ потврдувајќи се како најдобар фудбалер во светот, Флорентино Перез со своите изјава долеа „масло на огнот“.

„Реал Мадрид е клуб кој на големите играчи им дава се што им треба. Сите знаат дека еднаш се обидов да го донесам Нејмар во нашиот клуб. Слушам сега дека имал амбиции да биде најдобар. Ако Нејмар сака да ја освои ‘Златната топка’ тогаш треба да дојде во Реал Мадрид“ – истакна Перез, кој вели дека во секој случај е среќен што во собекувалната го има Роналдо.

„Кристијано е вистински наследник на Алфредо Ди Стефано. Чест е да се има таков фудбалер во своите редови. Живее за фудбалот и сака да биде најдобар на сите времиња“ – вели Перез.

Се вчитува...