Перез ќе ја одложи пензијата на Карло Анчелоти?

Карло Анчелоти неодамна изјави дека по завршување на договорот со Реал Мадрид ќе заврши и неговата тренерска кариера, но успесите на италијанскиот стратег во новата епизода во „кралскиот тим“ можат да ја одложат пензијата предвидена во 2024 година.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е презадоволен од работата на искусниот 63-годишник кој во претходната сезона стигна до нов трофеј во Лигата на Шампионите и наскоро се очекува да започне преговори за продолжување на соработката на уште две години, пренесуваат шпанските медиуми.

Карло Анчелоти „дебитирше“ на тренерското место во клупскиот фудбал во редовите на Реџана, а потоа со успех ги предводеше и Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон пред камбекот на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...