Перез му вети на Роналдо пред „Ел Класико“: Поголема плата од следната сезона

Реал Мадрид освои неверојатни пет трофеи во 2017 година, но во тековниот шампионат на Ла Лига заостанува осум бода зад Барселона. Во пресрет на „Ел Класико“, мегадуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона, кој ќе се одигра в сабота, со почеток во 13 часот, претседателот Флорентино Перез одлучи да ја крене мотивацијата кај најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо.

Првиот човек на „кралскиот клуб“ му ветил поголема плата на Кристијано Роналдо од следната сезона. Португалецот во моментот заработува 32 милиони евра годишно, но проблемот е што Лионел Меси според новиот договор со Барселона има заработувачка од фантастични 40 милиони евра. И Нејмар, кој од Барселона се пресели во ПСЖ, има поголема годишна плата од Роналдо (околу 36 милиони евра), па Реал Мадрид секако ќе реагира во овој дел.

„Кралевите“ се надеваат дека в сабота ќе успеат да ја совладаат Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе ја вратат возбудата во Ла Лига во трката за шампионската титула.

Се вчитува...