Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во емислијата Чирингуито откри дека договорот со преминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид пропаднал со последен час. Наместо тоа еден од најдобрите напаѓачи на светот ја продолжи соработката со ПСЖ и доби огромна плата и раководствена функција.
За пропаѓање на трансферот голем придонес имал и претседателот на Франција што за Перез е шокантно, но постои и уште еден голем проблем…
„Сонот на Мбапе беше да игра за Реал и тоа ми го кажа повеќе пати. Очајно сакаше да дојде кај нас и тоа постојано го повторуваше. Пред 15 дена се се промени. Мислам дека тоа беше поради незасмиливиот политички притисок. Претседателот на Франција и градоначалникот на Париз почнаа да му велат како не смее да си отиде од Париз и Франција. Јас не можам да замислам такво нешто кај нас. Покрај политичкиот притисок дојде и финансискиот од Катар“, изјави Перез кој потоа додаде
„Со новиот договор фактички стана нивниот спортски директор. Тоа е лудо. Притоа рече дека нема да учествува во активности на спонзорите на Реал кои не се и негови приватни спонзори. Тоа ме шокираше бидејќи никој во историјата на овој клуб го нема побарано тоа, ниту пак некој ќе го добие. Не можев да верувам што бара од нас. Тогаш си реков: Не е овој мојот Мбапе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА