Перез попушти – Реал Мадрид тргнува по Родри

Михаел Олис делува како невозможна мисија, па „кралевите“ решија својот фокус летово да го пренасочат кон МВП фудбалерот на мундијалот, Шпанецот Родри.

Самиот фудбалер никогаш не ја криеше желбата да се врати назад во татковината по долги години минати во Манчестер Сити, Реал е неговата омилена дестинација, но проблем претставуваше Флорентино Перез, кој не сакаше ни да чуе за потпис на генијалецот на средината од теренот. Родри беше трансфер-бомбата на неговиот ривал во претседателските избори, што уште повеќе го оддалечи плејмејкерот од Мадрид откако Флорентино победи, но последните информации говорат дека ситуацијата се променила.

Имено,  неколку клучни личности во највисоката управа на Реал успеале да го премислат Флорентино, убедувајќи го дека Родри е идеално засилување за Реал што мора да биде доведено летово.

„Реал ќе тргне по Родри, тоа веќе е јасно. Флорентино се согласи, а тоа беше најголемиот проблем досега. Сега и тој е на иста бранова должина со целата управа. Договор со самиот фудбалер нема да биде никаков проблем. Ќе почнеме преговори со Манчестер Сити, но нема да нудиме богатство, бидејќи тој секакоо има само уште една година од договорот“, откриваат извори од управата на „кралевите“ за шпанските медиуми.

Неофицијално, 50 милиони евра е крајната граница што „кралскиот клуб“ би ја потрошил за овој фудбалер, чии квалитети ќе бидат добредојдени за новиот тренер Жозе Мурињо.

Се вчитува...