Перез: Реал сака да игра во источната конференција

Претседателот на спортскиот колектив Реал Мадрид, Флорентино Перез откри дека неговата намера е кошаркарската секција на клубот во некое идно време да настапува во источната конференција во НБА лигата.

„Во кошарката играме многу безначајни натпревари. Подобро да играме помалку, но посилни натпревари. Досега бевме посветени на играње во Евролигата, но мојот сон е да го видам Реал во НБА. Се распрашував дали може да играме во источната конференција, но добив одговор дека сме многу далеку од тоа“, изјави Перез. 

Сепак една од главните причини која ја наведува Перез, како опција дека Реал мора да биде примен во НБА лигата, е таа што само два тима од најсилната кошаркарска лига во светот имаат повеќе следбеници на социјалните мрежи од „кралскиот клуб“.

Се вчитува...