Перез со нови главоболки: Реал ова лето не може да доведе фудблер без ЕУ пасош!

Претседателот на Реал Мадрид се соочува со нов проблем ова лето на трансфер пазарот. Имено, „кралевите“ нема да можат да доведат фудбалер кој нема европски пасош. Дозволените три позиции се пополнети со Милитао, Винисиус и Родриго, тројца фудбалери кои се важен дел од играта на Реал и сигурно нема да си заминат.

Овој проблем за „кралевите“ ќе постои до јануари, кога се очекува фудбалерите да земат шпански пасоши и да добијат двојни државјанства, по што ќе може Реал да тргне по нови засилувања.

Поради ова ќе отпадне и идејата за ангажирање на Габриел Жесус од Манчестер сити, затоа што напаѓачот има само бразилски пасош и не може да заигра за Реал Мадрид.

Се вчитува...