Перин доби негативен тест, но во Џенова и натаму има 14 заболени од коронавирус

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев се извлече за момент од клупската ситуација, но во Џенова и натаму владее коронавирусот. 14 негови соиграчи од клубот и понатаму се позитивни на Covid-19. Италијанските медиуми истакнуваат дека 14 фудбалери на тимот се уште се позитивни на коронавирусот.

Два последовни негативни теста добиле Матија Перин, Федерико Маркети и Иван Радовановиќ, но најголем дел од тимот и натаму се бори со Covid-19. Огромна е неизвесноста дали Џенова воопшто ќе може да го игра и следниот натпревар од Серија А.

 

Се вчитува...