Перишиќ објави видео од тренинг, навивачите на Хајдук во транс (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ во зимскиот преоден рок се врати во неговиот матичен клуб Хајдук Сплит, но се уште чека на дебито со оглед на тешката повреда на лигаментите на коленото која ја заработи на старот на сезоната.

Очекувањата беа дека искусниот 35-годишник ќе може да му помогне на својот тим при самиот крај на сезоната, но судејќи по последната снимка која ја објави Хрватот на социјалните мрежи Хајдук може да добие големо засилување и пред предвидениот датум.

На објавата на крилниот напаѓач може да се види како трча, шутира и воопшто не ја штеди повредената нога што наиде на големо задоволство кај навивачите на Хајдук кои со нетрпение очекуваат одново да го облече клупскиот дрес.

Се вчитува...