Перишиќ по промоцијата во Хајдук: Прифаќам само прво место и ништо помалку

Хрватскиот репрезентативец Иван Пeришиќ и официјално се врати во Хајдук, на радост и задоволство на многумината навивачи на сплитскиот тим.

Тој на промоцијата во сплитскиот тим изјави дека не прифаќа ништо друго освен прво место.

„Среќен сум што дојдов во родниот град и што ќе имам можност да заиграм за Хајдук. Голем клуб со богата и трофејна традиција. Се надевам дека моето искуство на најдобар можен начин ќе го пренесам на сите во тимот и заедно ќе целиме кон големи успеси. Во домашниот шампионат не прифаќам ништо друго освен прво место“, изјави Перишиќ веднаш по доаѓањето во Сплит. 

Перишиќ беше дел од Хајдук до 2006 година, по што почнува интернационална кариера и преку Сошо, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем, се враќа во клубот каде беше во младинските категории.

Се вчитува...