Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, денеска ги посети кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во хотелот во кој се сместени во Белград. Тој мина дел од времето со поранешните соиграчи од националниот тим дружејќи се со Дамјан Стојановски и останатите кошаркари на „металците“.
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (18 часот) ќе ги одмерат силите со Црвена Звезда, а Антиќ најверојатно нема да настапи на оваа средба, чувајќи ги силите за настапите во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА