Перо Антиќ го знае „лекот“ за Лука Дончиќ… Европа се потсетува на оној победнички шут против Реал (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше извонредна партија синоќа во победата на Далас против Хјустон во НБА лигата. Американците се воодушевени од настапот на Словенецот, а додека трае воодушевувањето на северноамериканскиот континент во Европа кошаркарските работници се потсетуваат на тоа кој го има „лекот“ за Лука Дончиќ.

Па, се издвојува онаа одлична партија на македонскиот кошаркар Перо Антиќ минатата сезона во дресот на Црвена Звезда во Евролигата. Тогаш, Антиќ во последните секунди од натпреварот против Реал Мадрид запиша извонредна одбрана против Дончиќ, а потоа сервираше шут за голем триумф на Црвена Звезда против „кралевите“. Ист онаков шут за три поени каков што Лука Дончиќ синоќа презентираше против Хјустон во НБА лигата…

Се вчитува...