Перо Антиќ и Владо Илиевски, дел од “кошаркарската симфонија“ во Љубљана

Перо Антиќ се уште нема донесено одлука за својата следна дестинација во кариерата, но македонскиот ас со задоволство ја прифати понудата да биде дел од „кошаркарската симфонија“ на 30 август во Љубљана, ревијален натпревар кој ќе биде проштален за две словенечки легенди, Боштјан Нахбар и Сани Бечировиќ. Заедно со Антиќ дел од овој спектакл ќе биде и Владо Илиевски, кој и самиот пред една година ја заврши професионалната кариера.

Двајцата Македонци ќе настапат во „тимот на Бечировиќ“, а друуштво ќе им пават Дијамантидис, Јасикевичиус, Алвертис, Белинели, Радуљица, Смодиш… додека тренери на оваа екипа ќе бидат Ѓорѓевиќ, Обрадовиќ, Итудис, Крумп и Меми Б

Двајцата врвни кошаркари ќе соберат звучни имиња на теренот, но и на клупата, каде се најавени Саша Ѓорѓевиќ, Димитрис Итудис, Жељко Обрадовиќ и таткото на Сани, Меми Бечировиќ.

На спротивната страна, дел од тимот на Нахбар ќе бидат Планиниќ, Нестеровиќ, Ненад Крстиќ, Јака Лаковиќ, Лорбек, Милиќ… а на клупата ќе се најдат дури тројца поранешни тренери на МЗТ Скопје, Зоран Мартиќ, Змаго Сагадин и Алеш Пипан.

Се вчитува...