Перо Антиќ на гости кај Ердоган (ФОТО)

Перо Антиќ со останатите кошаркари на Фенербахче, стручниот штаб на чело со Жељко Обрадовиќ и претседателот Азиз Јилдирим денеска беше дел од делегацијата што свечено беше примена од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Првиот човек на турската држава ги прими членовите на Фенербахче откако овој тим успеа да стигне до титулата европски првак, прв турски клуб што се закитил со трофејот во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Ердоган за подарок од тренерот Обрадовиќ доби специјално изработена макета на целиот тим на Фенербахче, што ќе стои во неговиот кабинет.

antic na erdogan so bobi dikson

erdogan 1

erdogan 2

erdogan 3

erdogan 5

Се вчитува...