Перо Антиќ во „Пресинг“ за Дуда Ивковиќ: „Пцуе на сите јазици… Јас давам 11 поени за три минути, тој ме вади… Дали си лут ‘лаве’!?“

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!

=======================================================

Македонската легенда има три евролигашки титули, од кои првата ја освои со Дуда Ивковиќ, легендарниот српски стратег со кој имаше беспрекорна соработка во Олимпијакос. Антиќ во „Пресинг“ кажа и неколку анегдоти за легендарниот Ивковиќ, кој почина во септември 2021 на 77-годишна возраст.

„За Дуда има анегдоти што да ти кажам… Дуда ако ти кажеше дека ова е метал, ти ќе му кажеш дека е дрво…. А дрво е, ајде сите на линија, 80 должини, немате крв во мозокот… и после ти знаеш дека треба да кажеш дека е метал… Дуда е повеќе мотиватор, а Жељко е тактичар. Дуда имаше убав тим што ги водеше тренинзите, тој ќе влезеше, златен саат, златни наочари, ќе седне и ќе каже „играјте пет“… и си гледа и одеднаш станува и пцуе на грчки, српски и англиски… ви реков да играте четири. На крај се врти кон помошникот тој да пресече, е што ќе кажеш бе ти пред газдата“

Антиќ се присети и на еден евролигашки меч со Монтепаски Сиена што тој го почнал супериорно, со 11 поени во првите три минути, но останал шокиран од одлуката на Ивковиќ.

„Играме со Сиена, јас во ри минути давам 11 коша и спортски е во глава ти се врти, сега до 50 ќе  стигнам (а на крајот завршив со 16). Ме извади во 4. минута, ние водиме 16-6… Бев нервозен и за првпат му вратив, ме фати за рака ме погледна… Дали си лут лафе (тој така викаше, лафе наместо лаве). Му вратив, да лут сум, тоа беше моето враќање на Дуда,… Знаеш зошто те извадив? Не знам! Па ти играш совршено! Е ајде сега што да одговорам, тимот води, јас играм совршено, а тој ме вади! Ти играш совршено, ама тимот не игра совршено“, полн е со респект Антиќ кога говори за легендарниот српски стручњак.

Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…

Се вчитува...