Перу по 36 години повторно е на СП

Перу е последниот патник на Светското Првенство во Русија откако во бараж дуелот оваа селекција славеше над Нов Зеланд. Првиот дуел заврши без голови, но Перуанците ја искористија предноста на домашниот терен и со победа од 2-0 го осигураа пласманот на мундијалот, прв за оваа селекција по СП 1982 во Шпанија.

Џеферсон Фарфан го постигна првиот погодок со силен удар од петнаесетина метри во 28. минута, пред Кристијан Рамос да ги разреши сите дилеми постигнувајќи го голот за водство од 2-0, резултатот што на крајот се покажа конечен.

Се вчитува...