Перу слави – капитенот Гереро може да игра на СП

Репрезентацијата на Перу доби одлична вест на 15 дена пред почетокот на СП 2018, откако Судот за Спортска Арбитража (ЦАС) донесе одлука привремено да ја одложи суспензијата што му беше изречена на Пауло Гереро.

Тој беше казнет со 14 месеци неиграње поради позитивен допинг тест, иако потоа беа понудени докази дека не станува збор за намерен допинг, туку за супстанца внесена со пиење на час, сепак ФИФА реши да не ја намали неговата казна. Перуанците се жалеа до ЦАС, а спортскиот суд се реши да ја одложи расправата до месец август, давајќи му притоа зелено светло на Гереро во меѓувреме да настапи на мундијалот во Русија.

Претходно, капитените на Франција, Данска и Австралија (селекциите ривали на Перу во групата Ц) напишаа писмо до ФИФА барајќи на Гереро да му биде дозволено да игра на СП, тоа беше одбиено, но сега ЦАС даде зелено светло за овој фудбалер да се појави на терените во Русија.

Се вчитува...