Пешевски и Штутгарт потклекнаа против Лемго

Жарко Пешевски и Штутгарт не успеаја да направат подвиг на гостувањето против Лемго, губејќи со 33-30 по големиот пад што тимот на македонскиот репрезентативец го имаше во второто полувреме.

Имено, Штутгарт го контролираше резултатот во првото полувреме, на одмор замина со водство од минимални 14-15, но во вторите 30 минути Лемго ја презеде контролата, доминираше на теренот и заслужено стигна до победата. Пешевски не беше на своето вообичаено ниво, завршувајќи го мечот со само еден постигнат гол.

Магдебург направи уште еден чекор напред кон титулата во Бундес-лигата откако лидерот на табелата славеше над Мелсунген со 33-26, меч на кој најефикасни беа Магнусон со шест и О’Саливен сопет погодоци.

Се вчитува...