Пешевски перфектен во победата на Штутгарт, Кузмановски и Хановер поразени од Лубеке

Македонските интернационалци во Германија, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски имаа половичен учинок со своите тимови во 33. коло од Бундеслигата. Пивотот и неговиот Штутгарт славеа на гостински терен против Хамбург со 27-32, додека бекот и Хановер претрпеа минимален пораз од 21-20 на гостувањето кај Лубеке.

Пешевски натпреварот го заврши со перфектен учинок од три гола од три обиди, додека Кузмановски имаше половичен учонок од два погодени обиди од четири шута.

Со денешната победа Штутгарт стави крај на серијата од три порази едно по друго, додека Хановер го забележа првиот пораз во последните четири одиграни средби.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...