Пешевски перфектен во победата на Штутгарт над Балинген

Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт стигнаа до седмата победа во Бундеслигата откако во 27. коло славеа на гостувањето кај Балинген со 25-28.

Овој натпревар беше од големо значење за „сино-белите“ кои сега имаат пет бода предност во однос на денешниот противник кој се наоѓа во зоната за испаѓање од елитата на германскиот ракомет.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со перфектен учинок проследен со два гола од исто толку обиди.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...