Славниот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ се приклучи кон честитките за големиот јубилеј – 80 години од формирањето на кошаркарскиот клуб Работнички. Во специјално видео обраќање, поранешниот српски селектор откри досега помалку познат детал од својата играчка кариера, признавајќи дека бил на чекор да го облече дресот на македонскиот кошаркарски гигант.
Пешиќ откри дека главната причина за потенцијалниот трансфер бил македонската кошаркарска легенда Лазар Лечиќ, кој лично го повикал да му се приклучи во тимот на Работнички. Иако судбината тогаш го одвела во друг правец, искусниот тренер со голем десен и почит зборуваше за скопскиот клуб и за реномето што Работнички го изгради низ децениите во регионот.
„Малку требаше и малкумина знаат дека требаше да станам играч на Работнички. Во времето додека настапував за Пирот во Втора лига исток, исто како и Работнички. Легендарниот Лазар Лечиќ ме повика во Скопје, ми покажа каде ќе живеам и ми вети дека сигурно ќе завршам Економски факултет. Секогаш се прашував зошто мене ме вика кога ги има најдобрите кошаркари на надворешните позиции. Можеби затоа се свртев кон Белград и заминав во Партизан“, открива Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
