Пешиќ, Волков и Неш во „Куќата на славните“

Пандемијата на коронавирус го одложи изборот за влез во „Куќата на славните“ на ФИБА за 2020 година, па овогодишниот избор ќе биде побогат и со имиња од претходната година. Изборот за 2021 година ќе биде одржан на 18 јуни, а меѓу дванаесетте номинирани, како најзвучни имиња се најдоа Светислав Пешиќ, Александер Волков и Стив Неш.

Србинот кој важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња, со тренерска кариера започна во 1982 година, а големиот успех покрај големиот број на клупски титули брои и златни медали со Германија на Евробаскетот во 1993 и Југославија во 2001 година, како и Светското првенство со поранешната држава година подоцна.

Украинецот важи за спортска легенда на својата држава, го освојуваше Евробаскетот во 1985 година со Советскиот сојуз, во 1988 година дојде до златниот медал на Олиписките игри во Кореа, а во клупската кариера покрај на европско тло, настапи и во НБА лигата каде ги бранеше боите на Атланта од 1989 до 1992 година.

Стив Неш кој воедно е и легенда во најсилното кошаркарско натпреварување со својата држава забележа настапи на Светското првенство во 1994 година, а беше предводник на Канада и на Олиписките игри во 2000 година кои се одржаа во Сиднеј. Бекот беше и МВП на ФИБА АмериКуп во 1999 година кога неговиот национален тим заврши на втората позиција.

Покрај нив на оваа листа се најдоа и Французинката Исабел Фијалковски, Унгарката Агнес Немет, Корејката Парк Шин-ја, Јапонецот Кеничи Сако, Словенецот Јуре Здвовц, Литванецот Модестас Палаускас, и Полјакот Мјечислав Лопатка од играчите, како и Аргентинецот Рубен Магнано и Американката Тара ВанДервер.

 

Се вчитува...