Светислав Пешиќ има зад себе неверојатна тренерска кариера во која успешниот стратег освои се што можеше да се освои на клупски и на репрезентативен план.
Тој учествуваше на форумот „Бизнис Приказни“ на кои доби интересно, прашање – кој е најдобриот кошаркар што го има тренирано во кариерата.
„Едно време мислев дека најдобар играч во Европа е Детлеф Шремф, Германецот кој беше и еден од првите кои заминаа во НБА. Потоа бев убеедн дека тоа е Тони Кукоч, бидејќи отсекогаш сум ги сакал тие универзални играчи кои можат да помогнат на различни начини за тимот. Тоа се двајца кошаркари кои ја менуваа кошарката во тој период. После тоа мислев дека најдобар е Бодирога, кој беше со мене и во Барселона и во репрезентацијата, тој е кошаркарот кој ја направи најимпресивната трансформација во играта, од плејмејкер до најдобар стрелец во Европа… Уште го имам истото мислење за Бодирога, но тој веќе не е најдобриот што сум го тренирал, откако почнав да соработувам со Никола Јокиќ. Неколку години имам можност да работам со него, тој е број 1, без сомнеж“, одговори Пешиќ на ова прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА