Пет гола на Барса во вториот дел за триумф над Бетис… (видео)

Барселона му сервираше пет „парчиња“ на Бетис во 20. коло од Примера. Триумфот од 0-5, само дополнително ги зацврсти Каталонците на врвот во шпанскиот шампионат со 54 бода, 11 бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.

А, триумфот на Барса стигна со сите пет погодоци во второто полувреме. Најпрво погоди Ракитиќ во 59. минута, а потоа до крајот следеа по два гола на Лионел Меси и Луис Суарез…

Се вчитува...