Вардар триумфираше со убедливи 12-0 против италијанскиот нисколигаш Норчија на пријателскиот натпревар во рамките на подготовките во Италија пред настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.
Најефикасен во редовите на „вардарци“ беше Закариќ со пет гола, по двапати во листата со стрелци се запишаа Николов, Дурански и Пиреш, а Италијанците постигнаа и еден автогол.
Следниот тест за Вардар е против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, против која играа минатото лето во Конференциската лига на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
